За кражба на храна го осудиле на 50 години затвор

Поранешен службеник од центарот за прекрошоци во Тексас е осуден поради кражба на јадење во вредност од 1,2 милиони долари.

Гилберто Ексамил (53) поминал во затвор 50 години, откако властите откриле дека нарачувал храна која се служела во центарот за прекршоци за малолетници, а потоа истата ја продавал и на тој начин стекнувал личен профит.

Првите сомнежи стигнале откако возачот на прехрамбената компанија ги повикал одговорните лица во кујната во центарот за прекршоци да им каже дека ќе донесе 363 килограми храна.

Тогаш било приметено дека јадењето не било на менито во тој центар. Ескамил во петокот бил прогласен за вниновен.

„Тоа било себично од моја страна. Почна малку по малку, а потоа излезе од контрола. Дојде до точка кога повеќе не можев ништо да контролирам“, изјавил Гилберто.

Властите рекле дека си присвоил преку 1,2 милиони долари и дека храната ја испорачувал на муштерии.

Окружниот обвинител изјавил дека овој случај е исклучителен и побарал од судијата да го осуди на казна затвор од 50 години, за да испрати јасна порака.

 

 

 

Scroll to Top