За одлично завршената работа, газдите ги наградиле вработените со по еден автомобил

By

Кинеската компанија за производство на челик „Џијангси“ ги наградила своите 4.116 вработени со нови автомобили, за одлично завршената работа. Тие успеале да ги остварат и да ги надминат целите на газдите. Таквиот успех го повториле веќе петта година по ред.

dobivaj vesti na viber

Компанијата за производство на железо и челик на 1 октомври организирала настан на кој го прославила својот успех и ги наградила вработените за нивниот придонес и годишен раст.

Компанијата во последните пет години бележи сè поголема добивка, а управата сакала да направи нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па одлучиле на секој од нив да му подари  автомобил.

Во период од неколку недели, во пресрет на кинескиот Ден на државноста, во сериите се поделени вкупно 4.116 возила, од кои 2.933 од моделот „форд територи“, и 1.183 од брендот „фолксваген маготан“. Според кинескиот сајт Sohu, вредноста на возилата изнесува околу 500 милиони јуни, односно 74 милиони долари.

Компанијата „Џијангси“ најави дека ќе ја плати и регистрацијата, петгодишното осигурување, како и данокот за возилата. Како промотивен материјал за настанот, компанијата со дрон снимила неколку од стотината нови автомобили, поставени околу големата сцена за прославата.

Видеоснимката стана вирална на кинеските социјални мрежи, додека компанијата добила бројни пофалби поради делењето на профитот со своите работници.

Ќе ви се допадне