Првпат во Хонг Конг нема да се емитуваат „Оскарите“

За првпат од 1969 година, жителите на Хонг Конг нема да можат да го следат доделувањето на американските филмски награди „Оскар“. Ова го потврдиле од локалната телевизиска мрежа во понеделникот. Засега останува непознато дали годинава ќе се емитуваат Оскарите во цела Кина.

„Се работи за исклучиво комерцијална одлука да не ги пренесуваме „Оскарите“ оваа година“, изјавил портпаролот на мрежата TVB за AFP.

Одлуката следела откако Bloomberg News на почетокот на овој месец пренесе дека одделот за пропаганда на кинеската Комунистичка партија на државните медиуми, наредил да се намали важноста на церемонијата и да не се пренесува.

Се верува дека поводот за ова е номинацијата на краткиот документарен филм за продемократската историја во Хонг Конг и четирите номинации за американскиот режисер, роден во Кина, Клои Жао, за филмот „Номадланд“.

Во државните медиуми објавени се и коментари кои го критикуваат документарниот филм во Хонг Конг, а Жао беше изложена на напади поради критичните коментари кои ги дала во минатото во Кина.

 

Scroll to Top