Забава на Сити радио со најдобрите македонски диџеи

Под мотото „време е домовите да ги претвораме во ноќни клубови“, Сити радио на 17 мај, недела, ќе организира карантинска забава со некои од најдобрите македонски диџеи. Забавата ќе се одржи во Зелената градина на Градскиот трговски центар од 20:00 до 23:00 часот.

На забавата музика ќе пуштаат диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици. Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на радиото или преку радио фреквенцијата на Сити Радио, 94,7FM. Иницијативата за собирање на диџеите на едно место е на Сити радио. Оттаму велат дека иако секојдневно се присутни во домовите и животите на нивните слушатели, сега сакаат на посебен начин да им приредат и уникатна забава на сите што седат дома и ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Организаторите ги повикуваат жителите на општина Центар да излезат на своите балкони и прозорци со транспаренти на кои ќе напишат интересни и позитивни пораки. Целта е тие да бидат снимени и заедно со диџеите да бидат вклучени во настанот што ќе се пренесува во живо.

Scroll to Top