Заборавил каде паркирал, а по 20 години полицијата му го пронајде возилото

Еден жител на Франкфурт во 1997 година, го пријавил својот автомобил дека му бил украден. Таман кога помислил дека возилото повеќе никогаш нема да го види, полицијата во четвртокот го известила дека му го пронашле.

По 20 години потрага, откриено е дека автомобилот не е украден, туку тој заборавил каде го паркирал и претпоставил дека некој го украл.

Возилото е пронајдено во една гаража во една стара зграда, која била означена дека наскоро треба да биде срушена. Возилото им сметало на експертите за рушење, а поради тоа што не знаеле кој е сопственикот, полицијата им јавила дека треба да го тргнат.

Германскиот печат „Augsberger Algemein“, извести дека дедото (76) во четвртокот му бил доставен автомобилот кој повеќе не бил во возна состојба, и бил претворен во старо ѓубре.

Овој случај потсетува на уште еден кога еден жител на Минхен, две години откако бил во пијана состојба, успеал да го пронајде својот автомобил. Полицијата го пронашла четири километри од местото каде Германецот ги упатил полицајците.

Во возилото имало 40.000 евра и околу 50.000 евра алат.

Претходно годинава, еден Шкот го изгуби своето возило по концертот „The Stone Rosesa“ во Манчестер. Тој наводно автомобилот го барал пет дена пред да се откаже. Се обидел со помош на локалните власти да му влезе во трага, но не бил успешен.

По откажувањето од потрагата, пријавил дека возилото му било украдено, а полицијата го пронашла шест месеци откако по пријавата и тоа на местото каде што Шкотот го оставил пред да влезе на концертот.

На ветробранското стакло го чекала казна за погрешно паркирање од 5600 евра.

 

Scroll to Top