Забранетиот остров го делат две држави – половина година едната, половина другата

Најголемата опасност за островот била можноста од негово исчезнување со оглед на тоа што со векови се намалувал поради ерозијата.Во покраината Басклија, меѓу северниот шпански град Ирун и југозападниот француски град Андеја, протекува реката Бидаса. На средината на реката, која ги раздвојува Шпанија и Франција, се наоѓа територијата со посебен статус – Островот на фазаните.

Островот на фазаните е кономинијум, земја со која заедно управуваат две држави.

Станува збор за најмалата и најстара територија со таков статус. Неговите 5.000 квадратни метри шест месеци годишно ѝ припаѓаат на Шпанија, а преостанатите шест на Франција.

Минувачите може да го видат од двете страни на брегот Бидасое, кој е оддалечен педесетина метри од францускиот речен брег и исто толку од шпанскиот.

Островот е ненаселен и не е можно да се посети. Пристап имаат единствено војниците од шпанскиот град Сан Себастијан и францускиот град Баонеа за да го одржуваат делот што е под нивна јурисдикција.

„Луѓето ги почитуваат правилата, па никој не се обидува да му се доближи. Некогаш нивото на водата толку беше ниско што не може ни да се препешачи до него. Ние обично доаѓаме на секои пет дена за да извршиме рутинско одржување“, вели шпанскиот заповедник Рафаел Преито.

На островот нема споменик, освен една плоча која укажува на неговото место во историјата. На тоа место е потпишана Пиринејската повелба на 7 ноември 1659 година, со што е завршен конфликот започнат во текот на 30-годишната војна.

Со оглед на тоа дека статусот на територијата претходно не бил дефиниран, според една од клаузулите на Повелбата, островот е прогласен за деловно неутрална територија.

Островот на фазаните симболизира мир и соработка меѓу Франција и Шпанија. На него се одржани неколку кралски венчавки, но и размена на затвореници.

Долго време на овој остров владеел мир, кој последен пат е нарушен во 1974 година кога неколку членови на баскиските вооружени сепаратистички групи ЕТА се обидоа да ја преминат границата. Ги уапсила шпанската полиција покрај островчињата. Операцијата е завршена со убиство на еден полицаец и еден милитант.

 

Foto: Wikipedia/Zarateman

Заговорниците за создавање на државата Баскија на северот на Шпанија и југозападот на Франција сметаат дека на ова место не би требало да постои никаква граница затоа што во прашање е татковината Баска.

Најголемата опасност за островот била можноста за негово исчезнување со оглед на тоа дека со векови се намалувал поради ерозијата. Но, двете држави се договориле и презеле заеднички мерки за негово зацврстување, што се покажало успешно. Денеска тој е долг 215 и широк 38 метри.

„Забележувам дека на Островот на фазаните воопшто нема фазани“, се пожали францускиот писател Виктор Иго во текот на посетата во 1843 година.

Foto: Wikipedia/Ignacio Gavira

„Таму имало една крава и три патки, веројатно најмени за посетителите да ја играат улогата на фазан“, додаде Иго.

Според некои мислења, првобитното име на островот било Паусан, а други тврдат дека се викал Фаисант. Како и да е, сегашното шпанско име Isla de Los Faisanes, француски Ile des Faisanes или Островот на фазаните не ја отсликува реалноста. Таму нема фазани.

Гледајте го видеото:

 

Scroll to Top