Забранетиот руски град во кој Американците никогаш не влегле

Межгорје е град во Русија кој е затворен за посетители. Тука живеат луѓе вработени на мистериозниот врв Јамантау на надморска висина од 1640 метри на Урал.

Основан е во 1979 година и бил познат како Уфа-105 и Белоретск-16. Статусот на град го добил во 1995 година, кога го добил и сегашното име.

Според пописот од 2010 година, во Межгорје живеат околу 17.000 луѓе и претставува еден од најинтересните градови на светот. Сплетот на различни околности во последните три децении го направил истиот да биде мистериозен.

Градот неодамна бил голем градежен проект кој почнал на крајот на седумдесеттите години, кога нуклеарно вооружените сили на САД имале посебна цел во Комунистичката партија.

Како затворен град, Межгорје административно е подреден на руската сојузна влада.

Во страв од штрајк, Советите испратиле десетина илјади работници на оваа локација.

Сателитските снимки покажуваат дека на оваа локација под земјата се наоѓа огромен нуклеарен објект или бункер. Тој е ископан во време на мандатот на рускиот претседател Борис Елцин. Над бункерот се изградени касарни за два воени гарнизона „Белорек 15“ и „Белорек 16“.

Според некои наводи, бункерот може да прими од 60.000 до 300.000 луѓе и се состои од 500 километри тунел. Оваа може да се земе со резерва затоа што Русија не може да изведе таков проект на карпесто место, стотина километри одалечено од најблискиот град, освен ако поголемиот дел од тунелот не го направиле Советите.

Русите на прашањата поставени од страна на САД одговарале различно. Меѓу оправдувањата се дека се работи за рудник, магацин за храна, објети за заштита на луѓето, но и дека ова е бункер за раководството во случај на нуклеарна војна.

Интересот за градот почнал за време на Студената војна. Но, Межгорје и денеска има статус на специјално ограничено подрачје, поради што претставува еден од најмистичните градови на светот.

 

Scroll to Top