Снимката со глушец што се тушира како човек има мрачна позадина

Веројатно најголемиот хит на социјалните мрежи во последните неколку дена е снимката на стаорец што се тушира како човек.

Глушецот уредно се насапуни, се изми под пазувите и внимателно го чистеше секој дел од телото.

Видеоснимката на „Јутјуб“ ја постави извесниот Хозе Кореа од Перу, а истата веднаш стана вирална на социјалните мрежи и брзо покрена јавна дискусија за тоа дали се работи за фотомонтажа или не.

Вистина е дека сите го засакале малиот глушец, кој, однесувајќи се како човек, се капе не насетувајќи дека некој го снима.

Добрата вест е што снимката е автентична. Лошата е дека ова животно не е глушец.

„Не е глушец затоа што нема опашка. Тоа е сосема доволен доказ за почеток. Со преголема глава, чудна позиција на телото, флексибилни горни екстремитети, ова животно многу потсетува на давор“, изјави Далас Кренцел, биолог специјализиран за еволуцијата на живиот свет, пренесува „Њузвик“.

Даворот е вид глодар поголем од глушец кој живее на подрачјето на Јужна Америка. Може да стои на задниците нозе, тоа е ноќно суштество и не е опасно за луѓето.

Другата лоша вест е што животното на оваа снимка не ужива во капењето.

„Кој било глодар ако е насапунет или има некоја супстанца на себе од тој тип, ќе гледа што побрзо да ја измие од себе. Овој глодар само сака да се измие затоа што тоа  му пречи“, пренесува за порталот Gizmodo Tuomas Ajvelo, биолог од универзитетот Хелсинки.

Третата лоша вест е што на експертите им се чини дека некоја личност намерно го насапунила глодарот со сапун.

„Мојата претпоставка е дека некој го направил ова намерно. Се чини дека го боли“, изјавил професор Џејсон Мунши Саут.

Видеото видете го на следниот линк:

 

 

 

 

Scroll to Top