„Заливот на пингвините“ денес во скопската зоолошка

Денеска 17 јули, со почеток во 13:00 часот во Скопската зоолошка градина и официјално ќе се отвори „Заливот на пингвините“. Од таму информираат дека посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со пингвини од Италија и Русија.

„Отворањето беше закажано за петок 16 јули, но, поради временските неприлики и дождот се одложи за денес, кога сите посетители ќе имаат можност одблиску да ги запознаат деветте пингвини од Италија и Русија“, велат од зоолошката во Скопје.

Scroll to Top