Запалил 700.000 евра, само за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга

Канаѓанецот Брус Меконвил пред судот изјавил дека запалил 700.000 евра, само за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга за алиемтација. Тој решил да ги запали парите, затоа што бил фрустриран од бракоразводната парница.

„Точно е. Ги запалив моите пари. Тоа е нешто кое во било кој друг случај не би го направил. Не сум претерано материјалистичка личност. Секогаш сум бил економичен“, изјавил тој пред судот.

Судијата кој не поверувал во неговата приказна, го испратил 30 дена во затвор, а му се заканил и со дополнителна казна, ако продолжи да лаже.

„Мислам дека тоа што велите дека сте го направиле е за секоја осуда. Ако е така вие намерно и директно го загрозивте интересот на вашите деца“, изјавил судијата Кевин Филипс.

Ова се чини не бил прв случај на Брус да ја избегне алиментацијата. Порано продавал делови од својот имот и капитал на поранешниот книговодител, иако му било кажано да не го прави тоа додека се утврди нивната вредност.

И понатаму останува мистерија колку имот и колку пари има Меконвил. Судот не може да утврди колку ѝ должи на поранешната сопруга па поради тоа не ѝ плаќал ништо, ама при претходното сослушување му било наредено за секој ден од казнувањето да ѝ плати казна од 2000 канадски долари на својата сопруга.

Scroll to Top