Несекојдневна ситуација се случи во една куќа во западна Австралија, каде полицијата уапси провалник. И тоа не било каков. Овој крадец провали во куќата, испи шампањ, и заспа во креветот на сопственичката.
Провалникот (36) влезе во куќата во Есперанса во времето на паузата за ручек, пронајде прилично скап шампањ, го испи, па заспа во креветот на сопственичката.
Полицијата соопшти дека сопственичката се вратила во куќата и го открила провалникот, како спие во нејзиниот кревет.
Таа излезе од куќата и ја повикала полицијата која забрзано го пронашла „заспаниот“ крадец.
Мажот е однесен во болницата поради труење со алкохол.