Запознал девојка на интернет, а таа му ветила дека ќе се омажи за него, на крајот му украла над 4.500 евра

Маж од Дубровник бил измамен и ограбен за 4.650 евра од една девојка од Америка која ја запознал преку интернет. Таа го излажала дека е во Сирија со татко ѝ, кој таму наводно бил воено ангажиран. Му ветила дека кога ќе дојде во Хрватска тие ќе се венчаат.

Го излажала и дека татко ѝ бил смртно ранет и дека ѝ оставил 200.000 долари, пари кои таа сакала да му ги префрли на неговата сметка кога ќе дошла во Хрватска. Тогаш му побарала тој да ѝ префрли пари на нејзината сметка за да може таа нејзините да ги пренесе преку граница.

Измамениот во два наврати уплатил вкупно 4.650 евра, а кога му побарала пари и третиот пат, тој сфатил дека бил измамен. Целиот случај го пријавил во полиција, од каде велат дека ваквите измами преку интернет стануваат сè почести и дека луѓето мораат да внимаваат.

„Ова е само еден од многуте примери на интернет-измами. Сакаме да ги предупредиме граѓаните дека кибернетичките криминалци често користат трикови и ветувања за  од нив да извлечат пари или вредни информации и податоци. Тактиките кои ги користат се иновативни и тешко се откриваат. Некои се преправаат дека се водители на некакви организации, други, пак, глумат дека се заинтересирани за романтична врска или дека преку нив можете да заработите лесно и брзо. Ве замолуваме да бидете внимателни и претпазливи кон сите овие лица кои бараат од вас пари или податоци од банка“, велат од полицијата.

 

Scroll to Top