Заштитете се од инфекции што се добиваат во базен!

Отворените базени се потенционален извор на бактерии кои можат да доведат до сериозни инфекции. Доколку сакате да уживате во пливање во базен, имајте ги предвид следните работи:

Ако водата во базенот нема доволно хлор, лесно може да стане извор на зарази.  Исто така, доколку негата на телото по капењето во базен не е адекватна, ќе дојде до сушење на кожата.

Преносители на зарази можат да бидат и валканите плочки и бетонот околу базенот поради несоодветната хигиена.

Лицата со чувствителна кожа би требало да користат средства за дезинфекција или да се тушираат веднаш по излегувањето од базен.  Жените кои имаат вагинален секрет треба да ставаат тампон пред влегување во базен, на тој начин се спречува понатамошното ширење на бактеријата, а истовремено го спречува и создавањето нова инфекција. На овој начин жените покрај себе ги заштитуваат и другите капачи.

Задолжително користете гел за интимна нега по пливањето во базен. Изберете гел без парабени што ќе ја чисти и штити кожата на интимните места. Внимавајте на pH-вредноста на козметиката за интимна нега, одберете средства што ќе ја одржуваат природно киселата  pH-вредност на интимната регија

Scroll to Top