Заспал па по грешка го кремирале

Вработен во мртовечница во градот Џеферсон во САД по грешка бил кремиран од страна на еден од неговите колеги.

Според извештајот на полициските служби, 48-годишниот Хенри Пол Џонсон одлучил да се одмори од 16-часовната работа без престан, па легнал на една од масите кај што се поставени лешовите.

Додека спиел, еден од неговите колеги по грешка го заменил со телото на 52-годишна жртва од сообраќајна несреќа и го однел на кремирање.

Пред некој да ја сфати грешката, телото на Хенри било изложено на температура од 1.400 до 1.800 Фаренхајтови степени и било претворено во пепел.

Џена Дејвис, една од колешките на Хенри, изјавила дека слушнала вресок 15 секунди откако кремирањето било активирано.

Џена Дејвис

„На почетокот не можевме да сфатиме што се случува, а кога ја увидовме грешката, веќе беше предоцна. Го исклучивме системот, но тој веќе беше мртов“.

Госпоѓа Дејвис тврди дека помлад колега ја предизвикал несреќата. Тој бил нов на работа и заборавил да ги провери идентификациските документи за да се увери дали станува збор за вистинското тело.

Џена вели дека слушнала силен вресок на жртвата во агонија како што температурата се зголемувала, а огнот го претворил во пепел.

Полицијата отворила истрага за да ги утврди околностите во кои загинал Џонсон.

Инспекторите не ја отфрлија можноста да поднесат обвинување против младиот вработен во мртовечницата, кој ја предизвикал несреќата.

 

 

 

 

Scroll to Top