Затворена зоолошката во Албанија поради изгладнети животни

Зоолошката во Албанија е затворена поради изгладнетите животни, пишуваат медиумите. Контроверзни информации за неисхранети лавови и зебри во приватната зоолошката градина „Сафари“ во Албанија беа причина поради што е ставен клуч на вратата.

Министерот за животна средина, Бленди Клоси, нареди итна инспекција и преместување на животните од зоолошката во градот Мбростар (кој се наоѓа 100 километри јужно од Тирана), откако британски „Дејли мејл” објави видеоснимки од објектот, наводно, што покажуваат лав со инфекција на окото и други неисхранети животни во железни кафези.

Сепак, Ардијан Кочи, претставник на регионалната служба за заштита на природата, изјави дека при неодамнешна проверка е утврдено оти сите животни во „Сафари“ се здрави.

Scroll to Top