Зборувајте за својот поранешен на првиот состанок, советуваат психолозите

Првите состаноци се непријатни во 99 % од случаите.

Без разлика дали е во прашање состанок на слепо, кој ви го организирале пријателите, запознавање преку апликација или со некого сте размениле број во некој момент, факт е дека сигурно сте нервозни кога одите на првиот состанок, но истовремено сте возбудени и полни со надеж, зар не?

И додека постојат многубројни експерти што ни нудат секакви совети – од прашања што морате да ги поставите, па сѐ до знаци што ви велат да бегате, некои професионалци сега советуваат да зборувате за нешто што кај многу луѓе предизвикува чувство на непријатност.

Дали е добра идеја да зборувате за поранешниот партнер на првиот состанок? Па, наверојатно, да. Како што тврдат многубројни експерти, доколку личноста со која сте на состанок почне да зборува за своите поранешни врски, не морате да барате излез во случај на опасност.

Доколку врските за кои се работи биле значајни, совршено јасно е зошто некој би сакал да ги сподели со вас, а искуствата за кои ќе слушнете, ќе ви помогнат подобро да ја запознете таа личност.

Доколку личноста со која сте на состанок почне да љубомори на првото спомнување на поранешното момче, знајте дека можеби и нема да биде сѐ во ред. Поточно, тоа е знак за тревога.

Scroll to Top