Здравата храна што ја купуваме, всушност, е нездрава

Измамени од зборовите „здрава храна“ на етикетите на производите на рафтовите во продавниците потрошувачите не знаат дека го купуваат токму она што сакаат да го избегнат. А тоа се голем број нездрави масти, шеќер, адитиви, конзервирана храна, емулгатори.

Бисквити

Стаклените чаши на рафтовите во продавниците за здрава храна се полни со разновидни бисквити. Некои го имаат предзнакот диетални, а други интегрални, трети здрави, но сите содржат штетни хидрогенирани билни масти, кои понекогаш на етикетите на производите се споменуваат како и моноглицерид или диглицериди и содржат шеќери што може да се скријат под педесетина имиња.

Мусли

Само еден поглед на декларацијата ќе ви покаже главно дека сите мусли содржат меѓу 20 и 30 грама шеќер на производите од 100 грама. Во текот на преработката кај житните зрна исчезнуваат многу од хранливите материи, а надуениот производ е вкусен колку што и листовите од хартијата на весникот. За да имаат добар вкус, им се додава шеќер.

Интегрални стапчиња

Доколку купуваме вреќичка интегрални стапчиња, уверени сме дека пазариме здрави грицки. Сепак, по половина час, вреќичката во која стоеле е натопена со маст затоа што маргаринот е еден од основните состојки на овие грицки, кои, пред сѐ, се пржат во масло.

Билно сирење

Во билното сирење има билна маст, билни протеини, пченкарен скроб, емулгатор 450, засилена арома, конзерванси, боја, сѐ што е потребно за да изгледа и има вкус што потсетува на кашкавал. Добра замена за време на постот, но никако и здрава.

Енергетски растенија

Житните зрна со мед и суво овошје и повторно неизоставните хидрогенирани билни масти е слатка, но не и здрава храна. Многу од нив содржат чоколада, карамел или слични додатоци поради кои никако не можат да се вклучат како здрави производи.

Суво овошје

Иако сме уверени дека сувото овошје нема грешки, сувите сливи, грозјето, боровинките, често се кандирани, односно зашеќерени, а штом содржат дополнителни шеќери, повеќе не можат да се стават во здрава храна.

Плочки од лен

Многумина ги јадат за појадок со јогурт мислејќи дека прават добро за својот организам. Вистината е целосно поинаква затоа што овие плочки содржат многу сол и маргарин, односно лоши трансмасни кислини и како такви не се извор на омега 3-масни киселини. Освен тоа, нашиот стомак не може да ги преработи, па со самото тоа не може да ги земе хранливите материи од него.

 

 

Scroll to Top