Земан наредил истрага за потеклото на супстанцата со која е убиен Скрипаљ

Чешкиот претседател, Милош Земан, им наредил на луѓето во контраизвестувачката служба да утврдат дали постои можност Чешка да биде земјата каде бил произведен нервниот агенс „новичок“ што бил искористен во нападот на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипаљ во Британија.

Земан тој налог го издал откако чешката влада ги отфрлила руските наводи дека постои можност нервниот гас познат како „новичок“ да потекнува од Чешка.

Портпаролот на чешкиот претседател изјавил дека Земан одлуката ја донел по состанокот со претставниците на контраизвестувачките служби. „Ројтерс“ пренел дека портпаролот на Земан реагирал на „Твитер“ за пишувањето на порталот, кој одлуката на Земан ја протолкувал како застанување на страна на Русија. Тој истакнал дека тоа се лажни вести.

Чешка претходно одлучила да протера тројца руски дипломати во знак на солидарност кон Британија.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ги отфрлил наводите дека гасот „новичок“ води потекло од Чешка.

„Русите ги минале сите граници кога рекле дека ‘новичо’“ можеби потекнува од нас. Тоа е апсолутна лага“, порачал Бабуш.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, неодамна изјавила дека најверојатниот извор на гасот може да биде Британија, Чешка, Словачка или Шведска. Захарова во тој контекст ги споменала и САД, но навела дека тоа е под знак прашалник.

Scroll to Top