Земјата ја чека удар од вселената

Кинеската вселенска станица и лабораторија „Тијангонг 1“ која не е во функција, ќе влезе во Земјината атмосфера во следните 24 часа, соопштиле од Евроската вселенска агенција (ESA).

Поголемиот дел од вселенската станица би требало да изгори во атмосферата, но постои можност еден дел да падне на Земјата.

„Тијангонг-1“ била дел од амбициозниата вселенска програма на Кина, а воетно и прототип за вселенската станица за екипаж кој Кина планира да го лансира во 2022 година.

Кина во 2016 година потврдила дека изгубила конктакт со станицата и дека повеќе не може да го контролира нејзиното однесување, и поради тоа не е познато каде точно ќе паднат некои од нејзините делови.

Scroll to Top