Терел Потер му го спасила животот на полицаецот Џоселин Џејмс од Алабама откако му донирала бубрег, иако тој неколку пати ја ставил во затвор. Полицаецот постојано ја затворал Терел додека се борела со зависноста од наркотици. Таа вели дека ѝ го сменил животот и со ова сакала да му возврати.
Џејмс била уапсена 16 пати помеѓу 2007 и 2012 година под обвинение за дрога и кражба. Таа вели дека во тоа време била на мрачно место и дека била трезна неколку години. Минатиот ноември таа прелистувала на Фејсбук и видела дека на Потер му треба бубрег, пишува „Фокс њуз“.
Бубрегот на пензионираниот полицаец имал само 5% функционалност, но му било кажано дека треба да почека 7-8 години за трансплантација. „Само што го фрлив телефонот и Светиот Дух тогаш ми рече дека имам бубрег за тој човек“, рече Џејмс.
Тестовите покажале дека нејзиниот бубрег е компатибилен и поранешната зависничка не размислувала долго. „Да ме прашавте за сто имиња на потенцијални донатори, нејзиното име немаше да се најде на списокот“, рече Потер. „Неверојатно е што таа беше подготвена да го стори тоа“.
„Таа крадеше, се дрогираше и правеше работи што не требаше да ги направи“, продолжи тој. „Ја заклучував неколку пати“.
Џејмс, која во моментов раководи со непрофитна организација што им дава на жените совети за дрога, му го донираше својот бубрег на поранешниот полицаец уште во јули во универзитетската болница Вандербилт во Нешвил.
„Во мојот ум го правам само она што Бог ми рече да го сторам, дај му го твојот бубрег“, додаде Џејмс. „Многу е доблесно да имаш некој да ти даде дел од своето тело за да ти го продолжи животот“, заклучи Потер.