Жена од Сингапур роди бебе со антитела на коронавирус

By

Во Сингапур една жена која била инфицирана со коронавирус, за време на нејзината бременост во март, родила бебе кое имало антитела на коронавирусот. Ова за научниците претставува нов доказ дека, ковид 19 може да се пренесе од мајката на плодот.

Бебето, кое е родено овој месец, нема ковид 19, но има антитела, јавила денес телевизијата „Ал Џезеира“, повикувајќи се на весникот „Стејтс тајмс“, кој ја пренел изјавата на мајката.

„Мојот лекар претпостави дека сум ги пренела своите антитела на бебето, за време на бременоста“, изјавила Силин Нг-цан.

Таа имала благ облик на заразата и поминала две недели во болница. Светската здравствена организација и понатаму не знае дали преку бременоста или породувањето, може да се пренсе заразата на фетусот. Овој случај покажал дека тоа е можно.

До денес, вирусот не е пронајден во течностите околу бебето во матката или во мајчиното млеко. Преносот на вирусот од мајката на новороденчето е реткост, соопштиле лекарите од Њујорк-Пресбитеријан и Колумбија универзитетот во октомври.

 

 

 

Ќе ви се допадне