Жена заборавила торба со 40.000 евра во автобус, откако возачот и вработен во автобуската ја нашле, парите ѝ биле вратени

Жена од Франција, во градот Ним, на југот од земјата, заборавила во автобус торба полна со пари. Во неа таа имала 40.000 евра, а торбата ја нашол возачот на автобусот на крајот од смената, пренесува весниот Midi Libre. Тој не погледнал внатре, туку само ја оставил кај местото за багаж.

Друг вработен во автобуската станица ја нашол, а кога ја отвориле во неа ги виделе 40.000 евра и документите за легалното потекло на парите. Веднаш повикале полиција и парите и биле вратени на госпоѓата.

Scroll to Top