Жената што се омажи за себеси сега се разведува бидејќи запознала некого

Манекенката Крис Галера (33) во септември оваа година се омажи сама со себе на свечена церемонија, но по три месеци, реши да се разведе бидејќи се заљубила во некого, пренесуваа „Дејли стар“.

Таа се реши за соло брак бидејќи ѝ здодеало да се потпира на мажите. Сепак, три месеци подоцна, Крис, која потекнува од Сао Пауло, запознала некого и се заљубила, иако вети дека засекогаш ќе биде соло.

„Бев среќна додека траеше“, рече таа и додаде: „Почнав да верувам во љубовта во моментот кога запознав една посебна личност“.

Непосредно пред свадбата во септември таа изјави дека стигнала до точка каде што созреала и сфатила дека е силна и решителна жена.

„Секогаш се плашев да бидам сама, но сфатив дека треба да научам да се чувствувам добро со себе. Затоа решив да го прославам тоа“, рече таа.

На денот на својата венчавка Крис позира пред католичката црква во Сао Пауло, Бразил. Таа изјави дека ја избрала оваа венчаница за да го истакне својот атрибут – градите.

Scroll to Top