Жените се поиздржливи војници од мажите во Норвешка

Неодамна е објавено истражување во Норвешка кое покажало дека жените војници подобро ги поднесуваат вежбите од своите машки колеги.

Резултатите од тоа истражување покажале дека жените подобро губат маснотии во текот на активноста, што може да биде предност во текот на долгорочните вежби или операции. Утврдено е дека жените брзо заздравуваат, објавена е веста на сајтот на Амбасадата на Норвешка во Србија.

„Во денешно време важно е да се има голема мускулна маса и малку масти на вашето тело“, објаснила Хилда Теинн. членка на тимот што го спровел истражувањето.

Овој проект опфатил 23 мажи и 12 жени припаднички на Специјалните вооружени сили на Норвешка. Тие биле подложни на физички напори еднаш неделно, по што се утврдило дека мажите изгубиле 2,7 килограми мускулна маса, додека жените изгубиле само маснотии.

Сепак, студијата не импресионирала некои скептици. Полковник Харалд Хоибак, кој претходно изјавил дека жените во вооружените сили ја ослабуваат борбената способност на Норвешка, ги отфрлил резултатите од истражувањето.

„Која е важноста од брзо закрепнување на жените, ако тие во основа имаат значителна помала физичка способност и капацитет?“ прашува тој.

Бројот на жените кои служат во војската во Норвешка непрекинато расте по воведувањето на задолжителната служба за жени од 2015 година.




		
		
			
Scroll to Top