Јужноафриканскиот режисер Карлос Карваљо настрада во текот на снимањето емисија во резерватот на диви животни, кога го усмрти жирафа. Медиумите пренесуваат дека Карваљо бил покрај жирафата кога таа замавнала со вратот и го соборила. Тој бил веднаш превезен во болница во Јоханесбург, но истата ноќ починал од повредите.
Продуцентската куќа „Калакру“ соопштила дека режисерот снимал филм на фармата „Глен Африк“ северозападно од Јоханесбург кога се случила фаталната несреќа.