Жителите на Нов Зеланд бараат да им се врати старото име на земјата

Народната партија на староседелците Маори на Нов Зеланд поведе петиција за промена на официјалното име на земјата во Аотеароа, што е името на автохтониот јазик во земјата. Тие бараат да се вратат сите оригинални маорски одредници во наредните пет години.

„Зборот Маори да се врати на местото што му припаѓа и да се обнови првиот службен јазик на оваа земја. Ние сме полинезиска земја, ние сме Аотеароа и тоа е име што ќе нѐ обедини, а нема да ја подели нашата земја. Нов Зеланд е холандско име, а не маорско“, порачаа челниците на маорската партија во соопштението со кое и ја поведоа петицијата.

Петицијата ја повика владата во наредните пет години да се идентификува и официјално да го врати оригиналното име на тој регион Маорија за сите градови и места во земјата и да го заврши тој процес до 2026 година.

Минатата година премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, се осврна на официјалната промена на името на земјата и изјави дека тоа не е опција што се разгледува, но дека ѝ е драго што сѐ почесто го слуша името Аотеароа во јавност.

Петицијата за промена на името на државата доаѓа 49 години по иницирање на барањата за вклучување на маорскиот јазик во официјалната комуникација на Нов Зеланд, што на крајот вроди со плод така што јазикот официјално беше вклучен како официјален јазик во земјата.

Scroll to Top