Живееме во поопасно време за разлика од Студената војна

Шведски аналитичар ја спроеди сегашната ситуација во светот со годините за време на Првата светска војна, и предупредува дека не се наоѓаме пред нова Студена војна, туку пред вистински конфликт.

„Сега ни се чини дека светот е повторно во Студената војна. Да е така би било добро. Ситуацијата во светот е многу поопасна“, оценил авторот Матц Ларсон.

Според неговите зборови, конфликтот на идеолгија на кој е изградена Студената војна е завршен со падот на Берлинскиот ѕид.

„Сега нема борби за голема идеологија. Тоа што сега се случува не е потсетува на 1960, туку на 1919 година“, наведува тој.

Ларсон оценува дека сме се вратиле во време кога политиката на државата зависела пред се од нивните национални интереси кога тие ризикувале да влезат во конфликти од геостратешки причини.

Современа Русија, Ларсон ја опишува како држава која и понатаму чувствува „фантомска болка“, поради распадот на СССР, која не игра по правилата на Западот и која сака да ослабе.

Во време на Студената војна, исто така постоеле критични моменти, пишува Ларсон, но тогаш страните во конфликтот имале одредени правила и црвени линии, а сега ситуацијата е многу поопасна.

Тоа се однесува на односите меѓу Русија и Западот, како и односите меѓу Кина и САД. САД и понатаму се најмоќната нација, но Кина влегува во игра, а и другите играчи сакаат да се приклучат вели Ларсон.

Тој смета дека во овие услови, веројатно би било корисно да се проучува историјата на настани кои довеле до избивање на Првата светска војна.

Никој од оние кои се сеќаваат на тие конфликти, или како истите почнале, не е меѓу живите. Се надеваме дека државите нема повторно да заспијат зад воланот, заклучува Ларсон.

 

 

Scroll to Top