„Златна петорка“ прогласен за најдобар странски филм во Мумбај

Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски минатиот викенд беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, а беше прикажан и во Мумбај, каде што ја доби наградата за најдобар странски филм.

 

Филмот „Златна петорка“ наскоро ќе учествува и на фестивали во Варшава, Санкт Петербург, Брно, Софија и Нови Сад, а странски дистрибутери се заинтересирани за правата за прикажување во Америка, Европа и Азија. Филмот досега е селектиран на над 20 фестивали, освои шест интернационални награди и е најгледан македонски филм изминатата сезона.

Scroll to Top