Змија касна жена во Неготино, со халуцинации пренесена во Скопје

Жена од Неготино била касната од змија во текот на вчерашниот ден и вечерта од болницата во Кавадарци била пренесена на Инфективна клиника во Скопје. Жената била касната попладнето, иако носела ракавици, бидејќи, најверојатно работела на нива, но во болницата се јавила во 21 часот. Во болницата во Кавадарци примила серум, но два часа подоцна таа имала визуелни халуцинации. Лекарите не сакале да ризикуваат, па со анестезиолог била пренесена на  Инфективната клиника во Скопје поради можни задоцнети реакции.

Scroll to Top