Знаци дека сте во врска со погрешен партнер

Направете си сами на себе услуга и признајте си искрено како работите навистина стојат…

1. Немате ни малку доверба во него. Доколку се сомневате во неговото однесува онаа секунда кога ќе ви се тргне од видокругот, тогаш тоа претставува знак дека сте далеку од темелите на здравата врска.

2. Не се труди околу вас како што се трудел на почетокот на врската. Односно, се трудел да ве фати вас, а кога веќе сте тука, врската и не му е на врвот на листата на приоритети.

3. Насочени сте на она што би сакале да го промените кај него отколку на она што го сакате кај него. Во врска сте со човек каков што е, а не со онаков каков би можел да стане.

4. Не можете да се сложите за големи животни прашања. Како, на пример, дали сакате да живеете во Македонија или во странство, сакате ли деца или не, дали сакате воопшто брак…

5. Често ве расплакува. Ок, сите што се во сериозни врски знаат дека понекоја солза е составен дел од договорот, но ако поради него плачете често и тој не презема ништо тоа да го промени, бегајте од него.

6. Никогаш не ви дава комплименти. Дури и кога за нешто сериозно ќе се потрудите, имате чувство дека тој воопшто не го забележува тоа. Без разлика дали е во прашање вашиот изглед, вештини, кариера… Комплиментите редовно изостануваат.

7. Не сте сигурни дали го сакате. Дека измеѓу вас љубовта е во прашања, би знаеле без двоумење. Доколку му кажувате дека го сакате, без навистина да го мислите тоа, е всушност еднакво како да не му кажувате, па ако не и полошо.

8. Ви се допаѓа само кога сте заедно. Затоа што кога не е со вас, тој практично како да не постои.

Scroll to Top