Знаци дека за партнерот сте само авантура

Особено доколку се препознавате во овие три работи…

Воопшто не ги познавате неговите пријатели. Во случај да има огромен број пријатели, а вие знаете само неколку од нив, и тоа случајно, тоа е знак дека вас не ве гледа како некоја значајна личност во својот живот, ниту планира заедничка иднина со вас.

Не сака другите да знаат дека сте заедно. Ако фраерот со кој се забавувате не ве испушта од рака во вашиот или неговиот стан, а во јавност речиси и да не ве погледнува, ниту допира, тогаш тоа е знак дека не сака да ве претставува на другите… или барем не сè уште.

Не покажува желба подобро да ве запознае. Оној што е вреден за вашиот труд и внимание, ќе направи сè за да ве воодушеви, но и да дознае што е можно повеќе за вас и вашиот живот. Ќе избере фин ресторан, заинтересирано ќе ве испрашува за вашите желби, интереси и дискретно ќе ги истакне своите квалитети за да ве воодушеви. Ако не сака да вложи нималку труд, тоа е знак дека сака само авантура.

Scroll to Top