Знаци што откриваат емотивно недостапен маж

Факт е дека не секоја врска завршува со „и така си живееа среќно до крајот на животот“. Секогаш е добро да знаете дека сте на иста бранова должина со мажот со кој се гледате. Сепак, понекогаш можеме да се најдете во врска со маж кој едноставно не е спремен за врска. Следните дваесет знаци ви го откриваат емотивно недостапниот маж.

1. Кога имате чувство дека морате да се трудите за да го придобиете неговото внимание.

2. Тој не прави контакт со очите кога зборува со вас.

3. Тој избегнува теми како уште подобро би ве запознал и не поставува прашања за вашиот живот.

4. Избегнува или менува тема кога ќе го прашате за него.

5. Се чини дека вие плаќате сѐ (од најобично кафе до вечерно излегување).

6. Тој има премногу одбранбен став и не презема одговорност за улогата која ја има во дадената ситуација.

7. Не сте ги запознале неговите пријатели и семејството.

8. Делува доста таинствено кога зборува некому дека сте заедно.

9. Никогаш не сте на чисто дали му се допаѓате или не, затоа што тој не ви дава до знаење.

10. Постојано поставува исти прашања (затоа што не ве слушнал кога ве прашал првиот пат).

11, Имате чувство дека тој ве искористува (пари, секс, деловни идеи и слично).

12. Имате проблеми да го разберете или да дознаете кои се неговите мотиви.

13. Тој попрво би комуницирал преку друштвените мрежи, електронската пошта или смс.

14. Постојано зборува за неговата поранешна девојка.

15. Секогаш е неодреден.

16. Тој не флертува со вас или не наоѓа начин да биде поблизок.

17. Многу често дава празни ветувања.

19. Ви вели дека ве сака, дека сака да живеете заедно или ве запросува уште на вториот состанок.

20. Вашето време поминато заедно се чини и повеќе отколку површно – се чувствувате фрустрирачки или емоционално исцрпено после состанокот со него.

Scroll to Top