Банички со сирење 

Потребно :

500 г готови кори

600 г ситно сирење

2 јајца

1 лажичка прашок за печиво

250 мл газирана вода

300 мл масло

Подготовка:

За фил: се меша дробеното сирење со две јајца и една лажичка прашок за печиво.

Се мешаат маслото и газираната вода во еден сад и со оваа течност се премачкуваат сите кори, а не четвртата се става фил. Се витка како ролат.

Се повторува постапката додека да се потрошат состојките. Се премачкуваат со преостанатата течност и се сечат помали парчиња.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути, па откако се готови баничките се премачкуваат уште еднаш со течноста и се покриваат за да омекнат.

Scroll to Top