Потребни состојки:
600 гр црвени пиперки,
2 чешниња лук,
морска сол,
маслиново масло
бибер по вкус
Начин на подготовка:
Пиперките добро измијте ги и исечете ги на помали коцки. Прелијте со масло, сол и оставете да се маринираат околу три часа. Ставете ги пиперките во тава и исушете ги околу четири часа во малку загреана рерна на 50 степени. Потоа, ако сакате, извадете ги лушпите од пиперките, па измелете ги пиперките во мелница за месо. За време на мелењето, додадете бибер, лук и ако сакате лута пиперка. На крајот додадете повеќе масло и користете го за да добиете густина на ајвар. Ставете го во тегли.