Белгиски вафли по оригинален рецепт

Потребни состојки:

1 кесичка сув квасец
1/3 чаша (од 250 мл) топло млеко
1 лажиче шеќер
прстофат сол
2 чаши брашно
3 јајца на собна температура
1/4 чаша путер на собна температура (или 60 гр)
1/4 чаша млеко
1 лажица екстракт од ванила
1/2 чаша крупен шеќер

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги квасецот, 1 лажиче шеќер и топлото млеко и оставете 15-тина минути да стаса квасецот. Додадете ги брашното и солта и измешајте убаво со дрвена лажица. Додајте ги јајцата, едно по едно, путерот, млекото и ванилата и мешајте да се соединат сите состојки. Садот во кој се наоѓа тестото покријте го и оставете го да стои на собна температура додека не се удвои (околу 1 час). Потоа додајте го крупниот шеќер во тестото и измешајте убаво. Со лажица земајте од тестото (количината зависи од големината на тостерот за вафли) и ставете ги да се печат додека не поруменат убаво од двете страни. Крупниот шеќер ќе се карамелизира и ќе им даде на вафлите дополнителен вкус. Овие вафли можат да стојат и до една недела во затворена кутија.

Послужете ги со овошје, крем, шеќер во прав или мед.

Scroll to Top