Потребни состојки:
4 дл млеко
150 гр шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
100 гр кокос
100 гр путер или маргарин
1 кесичка шлаг
120 мл млеко
150 гр кршени бисквити
75 мл млеко
1 лажичка рум
Начин на подготовка:
Ставете 3 дл млеко и шеќер да зовријат, а пудингот изматете го во 1 дл млеко. Гответе го пудингот на вообичаен начин. Во врелиот пудинг измешајте ги кокосот и путерот/маргаринот. Мешајте додека не се соединат сите состојки во мазна смеса. Ставете го филот во фрижидер. Измешајте го шлагот во изладениот фил. Искршените бисквити посипете ги со млеко и рум арома, па измешајте ги во филот со кокос. Тавата кај што ќе ја наредите тортата покријте ја со фолија, истурете ја смесата, израмнете и оставете во фрижидер да се стегне преку ноќ. Свртете ја тортата на послужавник, извадете ја фолијата и декорирајте по желба со чоколадна глазура, шлаг или кокос.