Божикни колачи со путер

Потребни состојки:

500 грама брашно
250 грама шеќер
300 грама путер
150 грама мелени ореви
150 грама кокос
2 лажици какао

Начин на подготовка:

Во сад за мешање ставете ги путерот и шеќерот. Изматете со миксер или маталка за смесата да се соедини. Потоа додадете го брашното и со раката добро измесете го тестото. Поделете го тестото на три дела. Во еден додадете ореви, во друг дел кокос, а во третиот какао во прав. Обликувајте ги трите делови од тестото во топки и оставете ги во фрижидер 40 минути. Кога тестото доволно ќе се стегне, развлечете го тестото и оформете ги колачите ( со помош на калапи. Наредете во намрсен плех за печење и печете десет минути на 180 степени. Кога ќе го извадите садот од рерната, ставете го на влажна крпа. Кога колачите ќе се изладат, посипете ги со шеќер и послужете ги.

Scroll to Top