Потребни состојки:
5 јајца
400 гр шеќер
250 гр путер + едно лажиче путер за во глазурата
300 мл млеко + 2 лажици за во глазурата
200 гр мак
1 прашок за пециво
300 гр брашно
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер со миксер ги матиме да се добие пенеста смеса. Ги кршиме петте јајца и една по една ги додаваме жолчките, а белките ги оставаме во друг сад на страна. Ги додаваме млекото и макот, па и ренданата кора од лимонот. На крај го додаваме и брашното помешано со прашокот за печиво. Со миксерот на бавна брзина мешаме постојано. Кога смесата ќе се изедначи, со миксерот матиме цврст снег од белките и го додаваме во садот со смесата. Убаво промешуваме да се изедначи густината и целата смеса ја истураме во правоаголна тава, претходно намрсена со путер и посипена со брашно. Печеме 40 минути на 180 степени.