Брз колач со вишни

Потребни состојки:

5 јајца
1 и 1/2 чаша шеќер
1 и 1/2 чаша јогурт
1 чаша зејтин
2 чаши брашно
1 пециво
500гр исчистени вишни
шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Матете подолго за да добиете густа и кремаста смеса. Додека матите постепено додавајте ги јогуртот, зејтинот и на крај брашното измешано со пецивото. Истурете ја смесата во тавата што претходно сте ја премачкале со зејтин и сте ја наросиле со брашно. Одозгора наредете ги вишните.

Печете околу 40 минути. Откако ќе се испече колачот, оставете убаво да се олади, посипете со шеќер во прав и послужете го.

Scroll to Top