Брза диета со домати

Диета со домати ќе ви помогне да намалите 2-3 килограми за три дена, колку што се држи, но и да го прочистите и да го подмладите телото. Свежите домати содржат витамин Ц кој при термичка обработка се губи, но остануваат многу активни состојки што штитат од слободните радикали.

Прв ден

Појадок: Две парчиња црн леб со малку маргарин и мед, кафе или чај без шеќер
Ручек: Голема салата од домати и сирење
Ужинка: Праска или јаболко
Вечера: Тестенини со домашен доматен сос

Втор ден

Појадок: Чаша полумасен јогурт, две лажици овесни снегулки и малку мед
Ручек: Грчка или шопска салата, зачинета со маслиново масло
Ужинка: Едно парче овошје, 2-3 интегрални бисквити и кафе без шеќер
Вечера: Рибина чорба

Трет ден

Појадок: Интегрално печиво со парче немасно сирење
Ручек: Тортилја полнета со динстани печурки и домати
Ужина: Два моркова, 30 грама мисиркина шунка и една мала чаша сок од домати
Вечера: Говедска шницла од 125 грама, испржена или печена, со салата од домати зачинета со мајчина душичка и парче интегрален леб

Scroll to Top