Брза домашна гибаница

Потребни состојки

фил
250 гр сирење
200 гр изварка
(или по желба само 500 гр сирење, односно само 500 грама изварка)

Прелив
4 јајца
250 мл кисело млеко или јогурт
250 мл млеко
150 мл масло
1 прашок за печиво
500 гр кори за гибаница
масло за попрскување

Начин на подготовка:

Најпрвин се подготвува преливот. Во длабок сад се матат јајцата, па се додаваат јогуртот, млекото, маслото и печивото. Плехот од шпоретот се премачкува со масло и се ставаат три кори како подлога за гибаницата. Се попрскуваат со масло. Се зема една кора, се тутка, се става врз подлогата од кори и врз неа се става сирењето. Истото се повторува и со другите кори, кои стуткани се редак една покрај друга, а ако има, се става и втор ред. Гибаницата со црпалка се посипува со преливот. Се остава да одмори додека се загрее рерната на 200 степени и се пече 35 минути.

Scroll to Top