Брза еурокрем торта од само четири состојки 

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг шлаг
300 г мелени плазма кекси
200 г еурокрем
1 шише газирана вода

ПОСТАПКА:

Изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода. Кога ќе добиете цврст шлаг, додадете мелена плазма, па добро промешајте

Добиената смеса истресете ја врз тацна за сервирање, па обликувајте како кора со димензии по ваша желба.

Потоа, повторно изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода, па во овој шлаг додадете го еурокремот. Добро премашјте па со добиениот крем премачкајте го првиот слој.

Преостанатите 200 г шлаг изматете ги со 150 мл газирана вода. Со добиениот шлаг премачкајте ја целата торта, одозгора и од страните. Декорирајте по желба.

Тортава ја имам правено безброј пати и можам да ви кажам дека е предобра! Гостите се воодушевени, постојано ме прашуваат што има внатре, не можат да откријат. Тортата се изедува за еден ден..

Scroll to Top