Брза пита со шунка

Потребни состојки:

500 г тенки кори за пита
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
1 прашок за печиво
500 г урда
250 г домашна шунка
сусам
сол

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги јајцата, јогуртот, маслото, прашокот за печиво и малку сол. Сите состојки добро промешајте ги. Издвојте четири кори за пита, па првите три премачкајте ги со приготвената смеса од јогурт и наредете ги една преку друга. Прекријте со четвртата кора, но неа не ја премачкувајте. Не е страшно ако ви пукне кората, пукнатината можете да ја пополните со другата кора. На долниот дел на четвртата кора ставете третина од урдата, одозгора посипете со исечканата шунка и цврсто замотајте ја. На истиот начин од преостанатиот материјал обликувајте уште две штрудли. Исечете ги штрудлите на помали парчиња и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со преливот од јогурт и посипете со сусам. Печете ги во рерна загреана на 200 степени додека поруменат.

Scroll to Top