Брза пита со цреши

Потребни состојки:

600 гр цреши
30 гр стопен путер
4 јајца
240 мл млеко
100 гр брашно
100 гр шеќер
малку сол
1/2 лажичка екстракт од бадем
1/2 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Извадете ги семките од црешите и наредете ги на дното од подмачкан тркалезен сад на кој сте наросиле малку шеќер. Изматете го тестото од јајца, брашно, млеко со додаток на шеќер, сол и екстракт. Додадете го растопениот путер, промешајте и со смесата прелијте ги наредените цреши. Ставете во рерна да се пече околу 45 минути на 180 степени. Пред сервирање посипете со шеќер во прав.

Scroll to Top