Брза посна пица од само неколку состојки

Доколку ви се пријаде пица, а сакате посна, тогаш ова е иделен начин како да ја подготвите.
Од сите состојки замесуваме тесто и потоа го шириме во намрсена тава.

Од горе премачкуваме со кечап, па ставаме од ренданиот посен кашкавал. Нареден чекор е зелечукот, пиперки, домати и печурки.

Печеме во убаво загреана рерна на 200 степени 10 до 15 минути. Кога ќе биде готова наросуваме од горе со малку оригано и песто сос.

Потребни состојки:

  1. 500 гр брашно
  2. 100 мл вода
  3. 1/2 прашок за пециво
  4. 100мл вода газирана
  5. 1/2 кафена лажичка сол
  6. 50-100 гр печурки
  7. една рака чери доматчиња
  8. 1-2 пиперки
  9. 4-5 лажици масло
  10. 100 гр посен кашкавал
Scroll to Top