Потребни состојки:
1 кутија бисквити
6 банани
500 мл слатка павлака
200 гр шеќер
200 мл млеко
Начин на подготовка:
Исечете ги бананите на мали парчиња и додадете слатка павлака и шеќер и измешајте сè добро. Додека мешате, полека додавајте го млекото додека смесата не се претвори во фина крема. Натопете ги бисквитите во млеко и наредете ги на плех за печење. Прелијте ги со кремот, па ставете ги бисквитите повторно врз кремот и комбинирајте додека не ја добиете посакуваната висина.