Брзи мекици со јогурт

Потребни состојки:

500 мл млеко
1 квасец
1 прашок за печиво
4 јајца
1 лажица сол
200 мл јогурт
1 кг брашно

Начин на подготовка:

Ставете брашно, јајца, прашок за печиво, сол и млеко со квасец во длабок сад и замесете тесто како за кифли, да не е тврдо. Тестото прекријте го со најлонска фолија намастена со масло од едната страна за тестото да не се залепи за фолијата кога ќе нарасне. Ставете го во фрижидер. Вака подготвеното тесто може да стои и до неколку дена во фрижидер. Кога ќе сакате да пржите мекици, извадете го тестото, откинете топче и развлечете го тестото на потенко, во вид на мекица. Пржете ги во жешко масло.

Scroll to Top