Бушава Ката по оригинален рецепт

Потребни состојки:

За кората

4 жолчки
150 грама маст
150 грама шеќер
1 лажица млеко
350 грама брашно
1 кесичка прашок за печиво
рендана кора од еден лимон

За филот

4 белки
150 грама шеќер
3 лажици џем
150 грама ореви
50 грама шеќер во прав за наросување

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете маст, шеќер, раздвојте ги белките од жолчките, па додајте 4 жолчки и мешајте додека не се соединат. Додајте 1 лажица млеко, промешајте. Потоа, додајте кора од лимон и мешајте додека не се соедини целата смеса. Додајте и брашно и прашок за печиво, па замесете тесто. Поделете го тестото на два дела. Ставете еден дел во фолија, па во замрзнувач за да замрзне, околу еден час. Преостанатиот дел од тестото ставете го во тепсија и израмнете го. Во посебна чинија ставете ги белките и шеќерот, па изматете ги во снег, а потоа додајте и џем од сливи, па додајте и исечкани ореви и измешајте со лажица. Распоредете го филот врз оние кори што сте ги ставиле во плехот. Извадете го тестото од замрзнувач, па изрендајте го крупно врз филот на колачот. Сето тоа ставете го во рерна и печете околу 25 минути на 200 степени целзиусови. Наросете со прав шеќер и послужете го.

Scroll to Top