Чешка торта од обланди

Потребни состојки:

1 пакување обланди
100 грама чоколадо за готвење
4 портокали
200 грама путер
20 грама желатин
100 грама шеќер во прав
1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

Истурете го сокот од портокалите во тава. Загрејте го на рингла и додадете го желатинот и лажицата шеќер. Кога ќе почне да врие, извадете го од шпоретот и мешајте често за да спречите да се направи кора. Изметете го путерот и шеќерот во прав со миксер. Додадете ја изладена крема од сок од портокал и соединете ја со миксер. Премачкајте ја првата обланда со филот и нанесете го вториот слој. Повторете го процесот со сите обланди, а последната обланда да биде свртена нагоре со мазната страна. Премачкајте ја целата торта. Топете го чоколадото над пареа и додадете малку масло. Оставете да се излади, а потоа премачкајте ја тортата одозгора.

Scroll to Top