Чискејк со шумско овошје

Фил: 

200 гр шумско овошје
100 гр шеќер во прав
250гр крем-сирење
250 гр слатка павлака
1 пакување бело чоколадо
20гр желатин

Подлога:

100гр путер
100гр кршени лешници
100гр бело чоколадо

Прелив:

100гр темна чоколада
100 гр путер
1 пакување шлаг-крем за декорација

Начин на подготовка:

Прво го приготвуваме филот. Ја матиме слатка павлаката да згусне. Желатинот го раствораме и оставаме да набабри. Овошјето го блендираме добро, го растопуваме желатинот и така течен го додаваме во овошјето. Во еден сад ги спојуваме овошјето, павлаката, растопената чоколада, шеќерот во прав и крем-сирењето, па кога ќе добиеме мазна смеса ја ставаме во фрижидер. Оставаме да постои на ладно додека ја приготвуваме подлогата. На оган ги топиме белата чоколада и путерот и ги соединуваме со кршените лешници. Калапот во кој ќе ја редиме подлогата го обложуваме со најлонска фолија. Притискаме на дното и ја ставаме подлогата. Го топиме и второто темно чоколадо со путер. Го прелеваме врз првата смеса и ставаме да се стврдне. Кога е стврднато, го вадиме од калапот и го превртуваме за долу да дојде темната страна. Потоа го дополнуваме калапот со филот и го враќаме назад во ладилникот.

Scroll to Top